Николовски: Не се покриваат долгови на винарии, туку им се помага на лозарите

– Преку постојното законско решение државата го побарува износот којшто овие винарии или откупувачи треба да го платат кон лозарите и преку финансиски инструменти на Управата за јавни приходи и Платежната агенција, овие пари ќе се вратат во Буџетот. Лозарите долго чекаа на решавање на овој проблем и сметаме дека е одговорно што побргу да ги добијат своите пари, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: 7,7 милиони евра инвестиции преку ИПАРД 2 за развој на руралните средини

„Сите овие типови на инвестиции се наменети за руралните средини односно селата и тука спаѓаат инвестиции во мали преработувачки капацитети, во рурален туризам, производство на сточна храна и ѓубриво, отворање на градинки, старечки домови, кина во селата, капацитети за сместување и друго. Поточно со еден збор, оваа мерка е важна за поттикнување на агробизнисти во руралните средини кои ја поттикнуваат економската активност, а истовремено ќе ги подобрат условите за живот во руралните средини“, изјави министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Поголема искористеност на ИПАРД фондовите значи сигурен и стабилен развој на македонското земјоделство во руралните средини

-Досега се реализирани околу 5 милиони евра инвестиции преку првиот повик од ИПАРД 2. За 129 договори веќе целосно се исплатени средствата, во вредност од 1,5 милиони евра, рече Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Во Велес досега поднесени дваесеттина апликации за ИПАРД 2

Досега аплицирале 20-тина земјоделци од велешкиот поширок регион во кој се вклучени и Општините Градско и Чашка.

Share
Прочитај повеќе

Работилница на тема: Користење на средства од Инструментот за претпристапна помош на Европската унија за рурален развој – ИПАРД 2014 – 2020

На работилницата, меѓудругото, ќе се разговара за мерките вклучени во ИПАРД Програмата 2014 – 2020, како што се за примарно земјоделско производство, за преработка и маркетинг на земјоделски производи, и за диверзификација и развој на рурални бизниси.

Share
Прочитај повеќе

На барање на бизнис заедницата, продолжен рокот за аплицирање за ИПАРД 2

-Целта на продолжувањето е стопанствениците да достават комплетни и квалитетни апликации. Очекуваме дека со овој дополнителен период ќе им овозможиме на стопанствениците да ги соберат сите потребни документи за да подготват инвестициски проекти кои во сите делови ќе ги задоволат условите кои се пропишани во ИПАРД Прогрмата, со што ќе се овозможи поголема искористеност на средствата, вели директорот на АФПЗРР, Николче Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Се објави огласот за мерката „Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи“, од европската ИПАРД 2 програма

Со овој јавен повик им се овозможува на фирмите и на земјоделските задруги да инвестираат во отворање на преработувачки капацитети и опрема, при што 50 отсто од инвестицијата ќе им биде кофинансирана, односно финансиските средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна финансиска поддршка.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Наскоро ќе се објави ИПАРД 2, со 2,5 пати повеќе финансиски средства

-Наскоро го објавуваме новиот повик за ИПАРД 2, а за 2019 година обезбедивме 2,5 пати повеќе средства за кофинансирање на проектите од оваа програма. Создаваме поволни бизнис услови за компаниите од агро – секторот, поддржуваме нови инвестиции во преработувачка индустрија и обезбедуваме подобар пласман на земјоделските производи, истакна Николовски. 

Share
Прочитај повеќе

Во ноември ќе се објави Ипард 2 огласот

На сите земјоделски стопанства и преработувачки капацитети, им се дава подготвителен период за прибирање на потребната документација за изработка на апликации за поднесување на барања за добивање на финансиска поддршка од ИПАРД 2 Програмата.

Share
Прочитај повеќе

Што ќе се финансира со првата мерка од ИПАРД 2?

Во ИПАРД 2, мерката за растителното производство се однесува за одгледувањето на житарици, индустриски и градинарски растенија, овошните и лозовите насади, трпезното грозје и маслинките.
Во сточарството се финансира одгледувањето на говеда, свињи, овци и кози, бројлери и несилки.
Најниската вредност на вкупни прифатливи трошоци е 3.000, а максималната до 1.500.000 евра.

Share
Прочитај повеќе