Николовски: Наскоро ќе се објави ИПАРД 2, со 2,5 пати повеќе финансиски средства

Вести

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски, вчера во Кавадарци, имаше работен состанок со Регионалната Стопанска Комора.

На состанокот, меѓу другото, министерот Николовски го најави објавувањето на новиот повик за ИПАРД 2, и тоа дека за 2019 година се обезбедени 2,5 пати повеќе средства за кофинансирање на проектите од оваа програма.

-Наскоро го објавуваме новиот повик за ИПАРД 2, а за 2019 година обезбедивме 2,5 пати повеќе средства за кофинансирање на проектите од оваа програма. Создаваме поволни бизнис услови за компаниите од агро – секторот, поддржуваме нови инвестиции во преработувачка индустрија и обезбедуваме подобар пласман на земјоделските производи, истакна Николовски.

На средбата со регионалната стопанска комора од Кавадарци, присуствуваа претставници од винариите, откупните центри и земјоделските стопанства.

 

М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *