Николовски: Со брзи измени на Законот и одлука, државата ќе го исплати долгот кон лозарите за грозје предадено пред неколку години

– Правна можност постои и со премиерот договоривме во четврток на посебна владина седница, оваа одлука да биде донесена, пред распишувањето на изборите. Веднаш по евиденцијата од страна на Инспекторатот и Платежната агенција, да се исплатат парите кон лозарите од над 1.5 милиони евра, рече министерот.

Share
Прочитај повеќе

Минов: Оптимист сум дека Владата ќе има волја позитивно да се реши проблемот на лозарите

– Очекувам и ги охрабрувам лозарите дека овие поставени прашања и ова мое застапување ќе продолжи се до решавање на проблемот, а јас сум оптимист дека одлуката ќе биде соопштена за денот на лозарите и за исплата на редовните субвенции пред празникот Свети Трифун, заедно со едниот денар, нагласи Минов. 

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ работи на изнаоѓање решение за исплата на лозарите за предаденото грозје во „Поварадие“ и „Стефанс винарија“

Во сабота (02.02.2019) во Кавадарци, министерот Николовски ќе има средба со лозарите од тиквешкиот регион, за да се разгледаат и останатите предлози на лозарите за поддршка и развој на оваа земјоделска гранка.

Share
Прочитај повеќе

Лозарите бараат Фонд за исплата на грозје, за винариите да не ги манипулираат како во минатото

 Со ова, рекоа лозарите, банките ќе имаат обрт на средства и ќе ги привлекуваат клиентите. Лозарите ако ги подигнат средствата ќе ги пуштат  во оптек, а од тоа ќе имаат сите корист. На крајот, фондот би ги наплаќал побарувањата од винариите. Со оваа мерка, според нив, ќе има развој во лозарството и решавање на проблемот со ненавременото плаќање на грозјето. 

Share
Прочитај повеќе

Лозарите бараат да не се дозволи ликвидација или продажба на поранешната винарија со германски капитал

-Општината ни е во добра кондиција, а и Владата може да помогне, ние мораме да инсистираме да се направи дестилерија во Кавадарци, со што ќе го решаваме проблемот од евентуалниот вишок грозје во наредниот период, нагласи пратеникот Панчо Минов.

Share
Прочитај повеќе

Петстотини лозари побаруваат 850.000 евра за грозје предадено во 2015 година

Кулев нагласува дека како здружение, во изминатиот период интензивно работат на тоа да ги наплатат сите пари кои производители на грозје ги побаруваат од одделни винарски визби. Станува збор за стари долгови за грозје откупено од пред неколку години.

Share
Прочитај повеќе

Во тек аплицирањето на лозарите за субвенции за предадено грозје во регистрирани визби

-Тие заедно со апликацијата која ја добиваат од кај нас, треба да достават и белешка од Винарската визба како потврда за предадените количества грозје, појаснува Зоран Наковски.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Николовски денеска беше меѓу лозарите и земјоделците во Демир Капија

– Со влезот во ЕУ и НАТО, македонските лозари ќе имаат сигурен откуп и повеќе приходи. Влегуваме на пазар со 500 милиони потрошувачи, 250 пати поголем од домашниот. Добиваме повисоки субвенции и нови инвестиции за развој во земјоделството, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Владата ја донесе одлуката за дополнителна субвенција од 1 денар за сортите вранец и смедеревка

Лозарите за оваа нова дополнителна субвенција ќе можат да конкурираат до 25.12.2018 година. Во барањето за аплицирање треба да приложат и доказ ( потврда) дека грозјето е предадено во домашни винарии.

Share
Прочитај повеќе

Лозарите задоволни од зголемената откупна цена за грозјето

-Овие дополнителни субвенции се од голема важност за нашиот регион каде што речиси целото население поседува обработливи почви со винова лоза. Голема благодарност и до Јанчев и Делков кои цело време беа наша поддршка и целосно се залагаа за постигнување на нашата цел. Ваквиот напредок и решавањето на проблемите се само показател дека Кавадарци и Неготино се движат кон вистинскиот пат, нагласи Кулев, посакувајќи им на сите лозаропроизводители успешна берба и изразувајќи надеж дека од година во година лозарството како гранка ќе станува уште поуспешно.

Share
Прочитај повеќе