Се анализираат ефектите од времената мерка што ја воведе Косово

-Наша обврска како ресорно министерство е да го заштитиме домашното производство и извозно ориентираните земјоделски производи.  Очекуваме Владата на Косово да ги земе во предвид придобивките од започнатиот Берлински процес и низ една заедничка дискусија преку разгледување на сите анализи и факти, да дојдеме до заедничко решение, кое што ќе подразбира олеснување на трговската размена во регионот, истакнаа од МЗШВ. 

Share
Прочитај повеќе

Преземени конкретни мерки околу пласманот на праските

– На средбата беше присутна и Ленче Николовска, советник во кабинетот на премиерот Зоран Заев. Факт е дека години наназад се соочувавме со проблемот на пласман и исплата на родот. Беше разговарано за изнаоѓање решенија, финансиска поддршка преку кредити или некој друг начин за откупувачите да бидат посигурни кога ќе влезат во откупот, а истовремено, сигурноста да е поголема и за производителите, околу исплатата, појасни градоначалникот.

Share
Прочитај повеќе

Бабовски: Реализација на ИПАРД мерките 1 и 3 до крај на март, мерката 7 до крај на август

– Тековно ќе бидат објавени уште два повика од ИПАРД 2, наменети за инвестиции во земјоделството и обнова на механизација.  И со мерката млад земјоделец, која претходно ја реализиравме, се надевам ќе постигнеме модернизација на земјоделството, додаде Бабовски.

Share
Прочитај повеќе

Николовска: Темелно решавање на проблемите во сточарството

Советничката во Влада за земјоделство, Ленче Николовска, денеска имаше средба со Претседателот на Ветеринарната комора на Македонија, д-р Томислав Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Љајиќ: Решение за брашното не е постигнато

– Имајќи предвид дека не дојдовме до одржливо решение и до предлог-спогодба, нема причина денеска да патуваме во Скопје. Договорено е во текот на викендот да ги продолжиме усогласувањата за да дојдеме до спогодба која на долгорочен и систематски начин ќе го реши проблемот со извозот на брашно од Србија во Македонија, изјави Љајиќ.

Share
Прочитај повеќе