Бабовски: Реализација на ИПАРД мерките 1 и 3 до крај на март, мерката 7 до крај на август

Вести

Директорот на Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој Николче Бабовски најави „отворени денови“ на Платежната агенција со цел подобро и поопсежно информирање на земјоделците.

– Ќе се потрудиме во овој период да ги искористиме сите 60 милиони евра кои ни стојат на располагање со Програмата 2014-2020 преку поголема достапност до можните апликанти во соработка со општините и ЗЕЛС, изјави Бабовски.

Според него, првите договори за ИПАРД се потпишани, а до крајот на месецот ќе бидат потпишани скоро сите договори од мерките 1 и 3, додека поголемите проекти од мерката 7, за диверзификација, ќе влезат во имплементација до крајот на август.

– Тековно ќе бидат објавени уште два повика од ИПАРД 2, наменети за инвестиции во земјоделството и обнова на механизација.  И со мерката млад земјоделец, која претходно ја реализиравме, се надевам ќе постигнеме модернизација на земјоделството, додаде Бабовски.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *