Фотогалерија: Успешно реализиран првиот пилот проект за консолидација на земјоделско земјиште во битолско Егри

Проектот за консолидација во битолското село Егри, во кој учествуваат 214 сопственици на земјиште, е првиот комплексен консолидационен проект во државата, но и во поширокиот регион.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од Егри го усвоија планот за консолидација на земјоделско земјиште, за прв пат 336 хектари земјоделско земјиште се окрупнуваат

Конкретно, во Егри, со консолидацијата, бројот на уситнети парцели се намали за околу три и половина пати. Поточно, почетните 874 парцели се намалува на 260 окрупнети парцели, а просечната големина на парцелите од 0,38 ха пред консолидацијата, се зголеми на околу 1,3 ха по консолидацијата. Или претходно просечниот број на парцели по сопственик бил повеќе од четири парцели. Сега со консолидацијата просекот е околу една до две парцели на сопственик.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски беше во посета на кичевскиот регион

-Ме пречекаа сопственикот, овчарите и шарпланинците. Трлата полни со 800 овци и 200 јагниња. Амбарите полни со сточна храна. Во бокалите јогурт и планински чај.
Во прекрасната природа на 900 метри надморска висина, животот тече во спокој под синото небо на планината Лубен, рече Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Ги олеснивме административните процедури за ИПАРД

-Изминатите две и пол години преку кампањи и директна комуникација со земјоделците успеавме да ги доближиме мерките од ИПАРД до земјоделците и ги олеснивме административните процедури. Резултатите се видливи, 41 отсто искористеност на ИПАРД 2, склучени се 1.477 договори со вкупна вредност од 32,4 милиони евра, истакна министерот Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Воведовме механизам за навремена и неселективна исплата на субвенциите за земјоделците

Согласно планот, и во следниот период, Агенцијата ќе продолжи со исплатата на субвенциите од Програмата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за 2019-та година согласно календарот за исплата. Годината што измина заврши со реализација на исплата од 99 отсто на субвенциите по Програмите за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ: Целокупното договорено количество на тутун од реколтата 2019 ќе биде откупенo

Досега се откупени над 22,4 милиони килограми тутун во вредност од близу 5 милијарди денари или повеќе од 85 отсто од договореното количество е веќе откупено. Се очекува откупот да заврши до крајот на следниот месец. 

Share
Прочитај повеќе

УХМР го објави јавниот оглас за авионско засејување на облаците за превенција од природни непогоди

Заштитата од град со авионско засејување ќе се спроведува на целата територија на Република Северна Македонија. Рокот за доставување на понуди е до 20-ти февруари годинава.

Share
Прочитај повеќе

МЗШВ со средствата за капитални инвестиции продолжува да создава услови за достоинствен живот во сите општини

Денеска Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски беше во Општина Лозово каде во тек е реконструкција на осум улици од кои 6 се во село Лозово, една во село Дорфулија и една во село Каратманово.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Раскината концесијата за Охридско езеро, нема да дозволиме никој да го злопупотребува нашето природно богатство

Димковски потенцираше дека во записникот од ДИЗ е констатирано дека Концесионерот не вршел навремена и целосна физичка заштита на рибите од риболовното подрачје Охридско езеро, што е спротивно на Договорот за концесија.

Share
Прочитај повеќе

Се создаваат еднакви услови за развој на сите региони на државата со посебен акцент на руралните подрачја

Министерот Димковски, изјави дека со ефикасно искористување на мерките од Програмата за рурален развој, наменети за општините ќе се решат проблемите со комуналната и патната инфраструктура во руралните општини.

Share
Прочитај повеќе