Република Северна Македонија веќе се етаблираше во регионот како позитивен пример за ефикасна искористеност на европските фондови!
Инвестициите преку мерките од ИПАРД 2, интензивно се реализираат на терен.
Денеска, министерот за земјоделство шумарство и водостопанство, Трајан Димковски беше во посета на објект во општина Илинден, кој е во фаза на изградба и е во сопственост на компанијата Југоградинар.
-Изминатите две и пол години преку кампањи и директна комуникација со земјоделците успеавме да ги доближиме мерките од ИПАРД до земјоделците и ги олеснивме административните процедури. Резултатите се видливи, 41 отсто искористеност на ИПАРД 2, склучени се 1.477 договори со вкупна вредност од 32,4 милиони евра, истакна министерот Димковски.
Сопственикот, Југе Трпески, има потпишано договор за Мерка 1 од ИПАРД- инвестиии во физички средства на земјоделски стопанства, растително производство, градинарски култури.
Станува збор за изградба на магацин за градинарски производи од сопствено производство со енергетска ефикасност на самиот објект. Инвестицијата вклучува и набавка на дрвени бокс палети изработени по европски стандарди за складирање на зеленчук.
“Современо Земјоделство”