Министерот Димковски оствари средба со амбасадорот на Исламска Република Иран, Хоссеин Карими

Денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски имаше работен состанок со амбасадорот на Исламска Република Иран, Неговата Екселенција, Хоссеин Карими. На состанокот едни од главните теми беа зголемување на трговската размена и намалување на царините меѓу двете земји. 

Share
Прочитај повеќе

Почнува исплатата на средства за произведена и продадена риба

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и  руралниот развој, исплати 7,3 милиони денари за произведена и продадена риба на пазарот на вкупно 14 субјекти. Со средствата од оваа мерка и преку Програмата за рибарство и аквакултура се поттикнува развојот на рибарството и производството на риба во Република Северна Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Винарниците ветуваат откуп на целата реколта и исплата согласно законите

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски одржа работен состанок со претставници од винарските визби, а целта, како што соопшти ресорното Министерство, е навреме да се анализираат податоците во делот на планираното производство за реколтата 2019, квалитетот на родот и откупот од страна на винарниците.

Share
Прочитај повеќе

Барањата за ИПАРД 2 ќе се одбиваат ако не се комплетни

Секоја апликација за средства од ИПАРД 2 ќе се одбива како неоснована ако не ја содржи потребната документација, предвидуваат измените на Законот за основање на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој што денеска го поминаа првото читање во матичната собраниска Комисија.

Share
Прочитај повеќе

Со санирањето на браната Слатино ќе се намали ризикот од поплави и ќе се обезбеди вода за наводнување на земјоделските површини

„Со реконструкцијата се постигна структурна стабилност на браната, отпорност на надојдени води, со што се намалува ризикот од поплавите. Од друга страна, санирањето на браната ќе овозможи навремена достапност на вода за наводнување на земјоделските површини. Вкупната вредност на проектот е над 1,1 милиони евра, обезбедени од  Програмата на Европската унија за санација на штетите од поплавите во 2015“, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Обновената брана Слатино ќе биде пуштена во употреба

Во Дебарца денеска ќе биде пуштена во употреба браната Слатино, реконструирана во рамки на Програмата на Европската Унија за санација на штети од поплави.

Share
Прочитај повеќе

Со учество на саеми до поголем извоз

Компаниите предлагаат определување една надлежна институција за обезбедување финансиска и логистичка поддршка на претпријатијата што настапуваат на саемите, за олеснување на процедурите за аплицирање за поддршка и намалување на административниот товар на фирмите.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: До крајот на месецот ќе се поделат првите картички за “зелена нафта”

И најмалите земјоделци односно и оние кои имаат 0,2 хектари земја нема да останат без субвенционирана нафта. Најнискиот износ кој ќе биде на една картичка е 500 денари а додека највисокиот износ е исто така лимитиран и ќе биде до 100.000 денари. Преку оваа мерка допринесуваме значително да се намалат производствените трошоци, што за земјоделците ќе значи поекономично производство и поголеми приходи. Средствата за оваа Мерка во висина од 200 милиони денари се обезбедени а со оваа мерка ќе бидат опфатени 55.000 земјоделци. 

Share
Прочитај повеќе

Државниот инспекторат за земјоделство во контроли кај компаниите што откупуваат пченица, откупната цена е од 9 до 10,5 денари

Државниот инспекторат за земјоделство спроведе контроли на компаниите коишто вршат откуп  и преработка на пченица од реколтата 2019-та. Инспекторите од ДИЗ извршија контроли во шест откупни компании во Велес, Свети Николе, Кочани, Кривогаштани и Битола. При контролите е утврдено дека компаниите имаат објавено откупна цена и истата се движи од 9 до 10,5 денари за килограм во зависност од класите дали е прва, втора или трета класа. 

Share
Прочитај повеќе

Шекеринска и Димковски: Со ефикасна искористеност на мерките од ИПАРД 2 до рентабилно земјоделско производство и развој на руралната економија

„Ваквите успешни примери, покажуваат дека земјоделците ги препознаваат бенефитите од ефикасната искористеност на европските фондови и инвестираат во модернизирање на сопственото производство, и знаат дека на крајот тоа ќе им се исплати. Со можноста којашто ја нуди оваа мерка од ИПАРД, за инвестиции во набавка на механизација, ќе се придонесе за рентабилно производство преку намалени трошоци за земјоделско производство и подобрување на квалитетот на земјоделските производи“, изјави министерот Димковски, додавајќи дека освен преку оваа мерка, намалувањето на производствените трошоци ќе се постигне и со мерката за кофинансирање за набавка на гориво за земјоделска механизација.

Share
Прочитај повеќе