Денеска, Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски имаше работен состанок со амбасадорот на Исламска Република Иран, Неговата Екселенција, Хоссеин Карими. На состанокот едни од главните теми беа зголемување на трговската размена и намалување на царините меѓу двете земји.
-На средбата меѓудругото разговаравме и за можностите за привлекување на инвеститори од Иран за инвестиции во земјоделскиот сектор во Република Северна Македонија, истакна Димковски.
Димковски и амбасадорот Карими, се согласија дека постои можност и потенцијал за зголемување на соработката во иднина преку конкретни проекти и активности.
„Современо Земјоделство“