Откупната цена на пченицата до 10,5 денари за килограм

Жетвата на пченицата заврши на сите засеани 78.000 хектари површина. Просечениот принос е околу  3.500 килограми по хектар, а откупната цена се движи од девет до 10,5 денари по килограм, зависност од квалитетот, соопшти  Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). 

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ОГЛАС 06/18 за давање во закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до 3 хектари

Во тек е јавен оглас за закуп на земјоделско земјиште до 3 хектари во Свети Николе, Карпош, Кисела Вода, Чаир, Гази Баба.
Последниот ден за поднесување пријави за учество на јавниот оглас е 24.08.2018 година (петок)

Share
Прочитај повеќе

Косово целосно ги укина зголемените царини за македонските земјоделски производи

Одлуката стапува на сила од денес, и со оваа одлука целосно престанува да важи зголемената царина од 30 насто, мерка што Приштина ја донесе на 18- ти месецов. Домашните земјоделски производи без застој повторно ќе се извезуваат на косовскиот пазар.

Share
Прочитај повеќе

Николовски: Откупени 70 проценти од годинашниот бостан

Околу 70 отсто или 50.000 тони се откупени досега од вкупното годинашно производство на бостан, соопшти министерот за земјоделство Љупчо Николовски.
Одговорајќи на пратеничко прашање, Николовски истакна дека претходните години цената на бостанот паѓаше под два денара, а сега е меѓу три и шест денари за килограм.

Share
Прочитај повеќе

Македонија засега не воведува контра-мерки кон Косово

– Сите досегашни преговори ни даваат за право да очекуваме целосно укинување на зголемените царини. Затоа во овој момент, Македонија останува на ставот барем засега да не се воведуваат контра – мерки. По денешниот состанок на Бектеши, ќе имаме и многу повеќе детали за наредните чекори, наведува МЗШВ.

Share
Прочитај повеќе

Повик за закуп на државно земјоделско земјиште во Кумановско

– Апелирам до заинтересираните да ја посетат официјалната страна на Министерството и детално да се информираат за условите кој може да аплицира за огласот до три и за огласот над три хектари кој се реализира со јавно наддавање во електронска форма, изјави, раководителот на подрачната единица Насер Даути.

Share
Прочитај повеќе

Бектеши на состанок во Приштина за косовските царини

Министерот за економија Крешник Бектеши денеска во Приштина треба да се сретне со косовскиот колега Бајрам Хасани. На средбата ќе се разговара за зголемените царини на овошјето и зеленчукот што Косово ги воведе на 18 јули годинава.

Share
Прочитај повеќе

Косово целосно да ги укине зголемените царини

Министрите од регионот вчера во Белград, Србија на заеднички состанок ја повикаа косовската Влада целосно да ги укине зголемените царини за извоз на земјоделски производи во Косово. Тие  ја поздравија одлуката на Косово за делумно укинување на зголемените царини, но, побараа од  Приштина итно и целосно да ги укине воведените зголемени царини за извоз на земјоделски производи.

Share
Прочитај повеќе

Владата вчера ги донесе и предложените сет мерки за пченицата

Третата мерка, како што истакна ресорниот министер, има за цел да го заштити домашното производство и од оваа жетва да се откупи што повеќе домашна македонска пченица.Поточно секој откупувач на пченица запишан во регистрарот на откупувачи кој што ќе откупи домашна пченица од реколатата 2018, најдоцна до 15 септември годинава, и за истата исплатата ќе ја изврши најдоцна до 15 декември  2018 година, ќе добие субвенција од 1 денар за килограм откупена пченица.

Share
Прочитај повеќе

Министерски состанок во Белград за зголемените царини на Косово

Заеднички став за одлуката со која Косово ги зголеми царините на овошјето и зеленчукот, се очекува од денешната средба во Белград чиј иницијатор и домаќин е српскиот министер за трговија Расим Љајиќ. На средбата, покрај македонскиот министер за земјоделство Љупчо Николовски, ќе учествуваат и црногорската министерка за економија Драгица Секулиќ, како и министерот за трговија и економски односи на БиХ Мирко Шаровиќ. 

Share
Прочитај повеќе