Турски инвеститори заинтересирани за земјоделски инвестиции во Македонија

Вчера одржав состанок со потенцијални инвеститори од Република Турција кои се подготвени да инвестираат во земјоделско производство во нашата земја и да отворат капацитети за преработка на овошје. Проф. Д-р. Cem Zorly, еден од сопствениците на конзорциумот Зорлу, како и ректорот на Универзитетот Неџбедин Ербакан, се меѓу заинтересираните инвеститори кои сметаат дека нашето земјоделско производство има голем потенцијал и одлични климатски услови за одгледување овошје.

Share
Прочитај повеќе

Граѓаните јадат безбедно овошје и зеленчук

Паушални и невистинити се тврдењата објавени на интернет порталот skopjeinfo.mk, со кои во текстот со наслов “Домати и краставици во јануари – од пазар се враќаме со ќеси полни отрови”, тенденциозно и без аргументи, на граѓаните им се пласираат невистини бека јадат небезбедно овошје и зеленчук.

Share
Прочитај повеќе

Компаниите да ги почитуваат одлуките за замрзнување на цените, казните се до осум илјади евра

Државниот пазарен инспекторат од 19 до 22 март спровел 869 надзори за контрола на замрзнатите цени, при што кај одредени трговци од малопродажба е констатирана промена на цените на неколку производи, но субјектите, како што беше соопштено вчера, се веднаш задолжени да постапат по одлуката и да ги вратат старите цени од 11 март годинава.

Share
Прочитај повеќе

Мушмулата лек од овоштарниците

Со воведувањето на модерно овошје, зеленчук и зачини, заборавивме на мушмулата. Се користат лисјата, кората, цвеќињата, семето и зрелото овошје на мушмулата. Плодовите се одличен лаксатив и диуретик, го смируваат воспалението на желудочната слузница.

Share
Прочитај повеќе

СОВЕТИ: Заштита на овошјето од ниски температури

Ако има механичко оштетување на дрвјата, тие мора да бидат санирани. Еден начин да се заштити овошјето од мраз е да се извитка  дрвото со слама, пченка, хартија или јутени вреки. Не користете пластична обвивка за да ги завиткате дрвјата, бидејќи тие предизвикуваат кондензација, што може да предизвика контра ефект.

Share
Прочитај повеќе

Кога е вистинското време за третман на овошјето во зима

На најголемиот број насади завршено е зимското режење, по што ќе се направи  зимски третман на растенијата. Со режење ги отстрануваме старите, гнили и расипани гранки, како и вишокот  гранки во крошна, што ќе овозможи подобра пенетрација на препаратот во сите надземни делови од растението.

Share
Прочитај повеќе

Совети за складирање на овошје и зеленчук

Многумина кога купуваат овошје и зеленчук, ги ставаат сите во фрижидерот, за подоцна да се чудат зошто поголемиот дел за неколку дена почнале да омекнуваат, гнијат или се збрчкуваат. Најчесто, причината за тоа е нивното складирање – овошјето и зеленчукот не се „трпат“ заедно во иста преграда од фрижидерот, па затоа треба да се избегнува нивното комбинирање. Причината за ова е што многу овошја создаваат етиленски гас кој го забрзува зреењето на зеленчукот и неговото расипување.

Share
Прочитај повеќе

Проретчување на плодовите кај овошјето

Проретчувањето е мерка што ја користат овоштарите, како би овозможиле стеблата умерено да раѓаат, за да бидат квалитетни плодовите кои ќе останат на дрвото, како и да го заштитат плодот од кршење и пукање поради прекумерна плодност. Некои видови на овошје сами ги отфрлаат одредени плодови и така сами прават проретчување.

Share
Прочитај повеќе

Едукативна работилница на овоштарите за превенција и сузбивање на Monilinia Fructicola

Штетниот организам кај коскестото овошје Monilinia Fructicola детектирано во овошјето носи далекусежни последици по квалитетот и квантитетот на реколтата, но беше и главната причина да биде запрен и извозот на традиционалниот руски пазар, истакна проф. д-р Билјана Кузмановска од Факултетот за земјоделски науки. Како што истакна Сашка Алексовска од државната фитосанитарна лабораторија единствен начин да се отстрани временото ограничување за извоз на коскесто овошје од Република Македонија во Руската Федерација е ставањето под контрола на овој организам кој го напаѓа коскестото овошје.

Share
Прочитај повеќе

Овошјето – Чистач на телото од рано наутро

Овошјето е „чистач” на телото, се исфрлаат сите штетни состојки и се обезбедуваат витамини, влакна и минерали.

Share
Прочитај повеќе