Турски инвеститори заинтересирани за земјоделски инвестиции во Македонија

Вести

Вчера одржав состанок со потенцијални инвеститори од Република Турција кои се подготвени да инвестираат во земјоделско производство во нашата земја и да отворат капацитети за преработка на овошје. Проф. Д-р. Cem Zorly, еден од сопствениците на конзорциумот Зорлу, како и ректорот на Универзитетот Неџбедин Ербакан, се меѓу заинтересираните инвеститори кои сметаат дека нашето земјоделско производство има голем потенцијал и одлични климатски услови за одгледување овошје.

Се разбира, отворањето на нови капацитети за преработка е добредојдено за нашата земја, особено кога инвестициите доаѓаат од земја како Турција, која се смета за една од земјите со високо развиени земјоделски политики.

Министер Арјанит Хоџа

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *