Пораст на платите во секторот земјоделство, шумарство и рибарство

Последните статистички податоци покажуваат пораст на платите во секторот земјоделство, шумарство и рибарство. Платите на вработените во овој сектор, односно на работниците во земјоделските производствени и преработувачки капацитети на годишно ниво се покачени за 12,5% и понатаму ќе продолжат да растат.

– Во јануари 2017 просечната плата во овој сектор изнесувала 16.730 денари, а истиот месец оваа година 18.829 денари. Тоа е покачување за 2.099 денари. Намалените трошоци и поголемите приходи значително го менуваат стандардот и го покачуваат квалитетот на животот на земјоделските работници и на земјоделците – истакна Министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Тутунарите бараат 20 отсто повисоки откупни цени

Сојузот на здруженија на тутунопроизводители на Република Македонија им препорачува на откупувачите за 20 отсто да ги зголемат понудените откупни цени по класи и типови тутун за реколтата од 2018 година заради зголемените трошоци за производство и подобриот квалитет на родот.

Share
Прочитај повеќе

30 отсто повисока плата за шумска полиција

За 30 отсто ќе се зголемат платите на шумските полицајци. Одлуката ќе се применува по првиот ребаланс на Буџетот за 2018 година, информираше портпаролот на Владата Миле Бошњаковски. 

Share
Прочитај повеќе