Последните статистички податоци покажуваат пораст на платите во секторот земјоделство, шумарство и рибарство. Платите на вработените во овој сектор, односно на работниците во земјоделските производствени и преработувачки капацитети на годишно ниво се покачени за 12,5% и понатаму ќе продолжат да растат. – Во јануари 2017 просечната плата во овој сектор изнесувала 16.730 денари, а истиот месец оваа година 18.829 денари. Тоа е покачување за 2.099 денари. Намалените трошоци и поголемите приходи значително го менуваат стандардот и го покачуваат квалитетот на животот на земјоделските работници и на земјоделците – истакна Министерот Николовски. Тој додаде и дека Владата континуирано и цврсто ќе биде насочена кон развој на овој сектор. – Земјоделците ќе живеат подостоинствен живот, ќе им овозможиме на младите да останат во земјава и да се занимаваат со овој сектор кој што е особено значаен, кој значително учествува во бруто домашниот производ и може да ја раздвижи економијата“, изјави Николовски |
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство