Профитот на Coca Cola во вториот квартал 2,6 милијарди долари

Американската компанија Coca Cola ги надмина очекувањата со профитoт остварен во вториот квартал и ја зголеми прогнозата за приходите за целата година. Најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци соопшти дека сега очекува органски раст на приходите од пет проценти во целата 2019 година, што е поголема проекција во однос на претходниот прогнозиран раст од околу 4 проценти, објави агенцијата Reuters.

Share
Прочитај повеќе

„Тиквеш“ ќе вложи 2,78 милиони евра во нови инвестиции

Најголемата македонска винарска визба „Тиквеш“ од Кавадарци целата добивка од лани ќе ја вложи во нови инвестиции, ова го одлучија акционерите на компанијата мината недела на акционерското собрание. Станува збор за 2,78 милиони евра кои се нето добивка што компанијата ја оствари од своето работење лани.

Share
Прочитај повеќе

Раст на продажбата на „Тиквеш“ на домашниот и на странските пазари

Во првотото тромесечје од 2019-та година, продадени се над 2,5 милиони литри вино и ракија што е за 12,1% повеќе во споредба со истиот период минатата година. Покрај раст на продажбата на домашниот пазар, продолжува да расте и извозот, при што најзабележителен е порастот на пласманот на пазарот во Бугарија, каде е регистриран раст во првиот квартал од 313,7%, по што следуваат: Хрватска, со раст од 310,8%; Црна Гора, каде растот е 32,9%; Косово, со 25,3%, како и пазарот на САД, каде е забележан раст на продадените количини од 76,8%.

Share
Прочитај повеќе

Витаминка планира вкупни приходи од приближно 52.150.000 евра

Планираните вкупни приходи од оперативното работење на друштвото се позиционирани на износ од приближно 52.150.000 ЕУР. Од вака планираните вкупни приходи 60 % се планирани да се
оствараат на домашниот пазар, а 40% да се оставараат на странски пазари.

Share
Прочитај повеќе

Приходите на „Старбакс“ зголемени на 6,3 милијарди долари

Најголемиот светски синџир за кафе на својот најголем пазар во САД се бори со конкуренцијата помеѓу најдобрите кафулиња и синџири за брза храна. Како одговор на тоа, компанијата затвори неколку кафулиња кои имаа лоши резултати. Во исто време, дозволи компанијата „Нестле“ ексклузивно да продава пакувани „Старбакс“ кафиња и чаеви низ целиот свет, при што преку швајцарската компанија оствари приход од 7,15 милијарди долари.

Share
Прочитај повеќе

Приходите на „Тиквеш“ стигнаа до сума од 20 милиони евра

Од аспект на хектолитрите продажбата на домашниот пазар учествува со 45 отсто, а на странските пазари со 55 отсто. Од аскект на остварените приходи 58 отсто се од продажбата реализирана на домашниот пазар, а 42 отсто од извозот. Тоа значи дека „Тиквеш“ за помалку хектолитри продадени дома генерира повеќе пари од продажбата надвор во однос на продаденото количество.

Share
Прочитај повеќе