Профитот на Coca Cola во вториот квартал 2,6 милијарди долари

Вести

Американската компанија Coca Cola ги надмина очекувањата со профитoт остварен во вториот квартал и ја зголеми прогнозата за приходите за целата година.

Најголемиот светски производител на безалкохолни пијалоци соопшти дека сега очекува органски раст на приходите од пет проценти во целата 2019 година, што е поголема проекција во однос на претходниот прогнозиран раст од околу 4 проценти, објави агенцијата Reuters.

Нето профитот на компанијата во вториот квартал изнесувал 2,61 милијарда долари или 61 цент по акција.

Кога се исклучуваат еднократните ставки, компанијата заработила 63 центи по акција, што е за два центи повеќе од очекувањата на Wall Street.

Приходите на компанијата пораснаа за 6,1 проценти на десет милијарди долари, што е исто така над очекувањата.

Првиот енергетски пијалок на Coca-Cola – “Coca-Cola Energy” – лансиран во Европа во текот на вториот квартал, оствари успех во продажбата, а до крајот на оваа година, како е најавено, ќе се најде на уште 20 пазари.

И купувањето на британскиот ланец кафетерии Costa Coffee, реализиран оваа година, исто така и се исплатеше на американската компанија.

Акциите на Coca-Cola се зголемија за два проценти пред официјалното отворање на њујоршката берза, објави агенцијата AP.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *