Закон за задолжително осигурување: Нема компромис со климатските промени – твоја одговорност е да го заштитиш сопственото производство и добиток

Земјоделските стопанства регистрирани во единствениот регистар на земјоделски стопанства (ЕРЗС)  согласно со Законот за земјоделство и рурален развој пред поднесување на барање за финансиска поддршка согласно годишната програма за финансиска поддршка во земјоделството за тековната година се должни посевите и плодовите од насадите, грлата добиток и пчелните семејства за кои бараат финансиска поддршка да ги осигураат во Пулот од штети предизвикани од временски непогоди и други настани.

Share
Прочитај повеќе

Почеток на активностите на МЗШВ за осигурување на земјоделското производство

„Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство. Со години земјоделците се соочуваат со влијанието на природните непогоди за кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за штети при Владата на Република Северна Македонија, исплаќа во просек три и пол милиони евра годишно на основ штети од временски непогоди. Токму затоа, решивме дека е време да воспоставиме организиран пристап за прилагодување и заштита на земјоделските производи преку воспоставување на систем на земјоделско осигурување во нашата земја“ изјави министерот Хоџа.

Share
Прочитај повеќе