Почеток на активностите на МЗШВ за осигурување на земјоделското производство

Вести

 

БитиќиЗемјоделието е главна гранка во руралните средини и еден од поважните сектори во РСМ

 Хоџа: Време е да воспоставиме организиран пристап за заштита на земјоделските производи преку воспоставување на систем на земјоделско осигурување во нашата земја

 

Денеска, Владата на Република Северна Макединија и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) во соработка со Министерството за земјоделство на Турција и турската агенција за управување со земјоделскиот осигурителен систем – ТАРСИМ, како и проектот InsuResilience Solution Fund Project  и  Еуропа РЕ, започна тридневна работилница за воспоставување на земјоделски осигурителен пул, како прв јавен настан со кој започнуваат активностите на кои работи МЗШВ, во насока на воспоставување на одржлив систем за заштита на земјоделците од катастрофалните временски непогоди.

 

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа, заедно со Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања Г-дин Фатмир Битиќи,  Претседателот на советот на експерти при Агенција за супервизија во осигурувањето на Република Северна Македонија, Д-р Крсте Шајноски и Генералната Директорка на агенцијата за управување со земјоделскиот осигурителен систем – ТАРСИМ, Г-ѓа Серпил Ѓунар, во присусуво на претставници од агенцијата за управување со земјоделскиот осигурителен пул, директори на институции, академската заедница, осигурителниот сектор, и други инволвирани страни, денеска учествуваа на почетокот на тридневната работилница на тема „ Воспоставување на земјоделски осигурителен пул“.

Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи истакна дека со воспоставување на земјоделски осигурителен пул, еден вид на земјоделски фонд на осигурување за земјоделството, прв од овој вид во Република Северна Македонија, ќе се овозможи сигурност на земјоделското производство. Од економски аспект, создавањето на земјоделскиот осигурителен пул е важен чекор напред за државата, со што дополнително се приближуваме кон европските стандарди. Битиќи нагласи дека целта на Владата е не само да се инвестира во градовите, туку и да се реализираат проекти со кои рамномерно ќе се развиваат и руралните делови во целата државата кои имаат огромен потенцијал за земјоделство.

„Сите ние добро знаеме дека земјоделието е главна гранка во руралните средини и еден од поважните сектори во РСМ. Земјоделието во 2020 година учествува со  8.6% од БДП. Бележиме тенденција на пораст со оглед на тоа дека земјоделието во БДП во 2019 година учествуваше со 8,2% во БДП. Сепак за мене како Заменик претседател на Владата кој го координира и секторот земјоделие останува како предизвик да работиме на реализација на проекти и програми, со кои ќе го потикнуваме зголемувањето на процентот на учеството на земјоделското производство во БДП и Република Северна Македонија да стане лидер во регионот во производство на земјоделските производи за кои реално имаме одлични услови. Ако се знае дека земјоделството е периодична гранка во државата во 2020 година, споредбено со 2019 год, во секторот земјоделство имаме зголемување на обемот на производство во три од четирите квартали и годишно зголемување на производството од 1.7%. Ова е јасен податок дека и во време на криза политиките на Владата со субвенциите и грижата даваат резултати“, посочи вицепремиерот Битиќи и додаде дека е зголемена искористеноста на ИПАРД програмата, како и вкупниот износ на субвенции за земјоделците, со што се докажува намерата на Владата за развојот на земјоделството како гранка.

https://youtu.be/lxKi-axlkjU

Земјоделството како стопанска дејност во Република Северна Македонија, учествува со 8,6 % во вкупниот бруто домашен производ на земјата. Околу половина од вкупната територија е земјоделско земјиште, каде преовладува растителното производство.

„Климатските промени се наметнуваат како сериозна закана за земјоделското производство. Со години земјоделците се соочуваат со влијанието на природните непогоди за кои Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Комисијата за штети при Владата на Република Северна Македонија, исплаќа во просек три и пол милиони евра годишно на основ штети од временски непогоди. Токму затоа, решивме дека е време да воспоставиме организиран пристап за прилагодување и заштита на земјоделските производи преку воспоставување на систем на земјоделско осигурување во нашата земја“ изјави министерот Хоџа.

Исто така, министерот Хоџа истакна дека МЗШВ е насочено кон зголемување на земјоделските површини, на приносот и квалитетот на земјоделските производи што ќе значи и поголеми приходи во сите семејства кои се занимаваат со земјоделско производство.

Со цел реализација на функционален систем, МЗШВ стапи во контакт со Министерството за земјоделство на Турција и турската агенција за управување со земјоделскиот осигурителен систем – ТАРСИМ и побара нивна поддршка во процесот на воспоставување. Министерот Хоџа посочи дека благодарение на позитивно возвратениот интерес од страна на ТАРСИМ, денеска сме сведоци на почетокот на процесот.

„Самостојното осигурување од непосакувани последици од природни непогоди, дава резултати, но тоа се покажа како недоволно, доколку се земе во предвид пошироката територија и обемот на изложеност на овие ризици. Тука треба да настапи осигурувањето. Тоа треба да биде решението за овие недостатоци, кои индивидуалните земјоделци  неможат да ги надминат. “ – изјави претседателот на Советот на експерти при Агенција за супервизија во осигурувањето на Република Северна Македонија, Д-р Крсте Шајноски.

Како единствено решение на долг рок, за намалување на последиците од климатските непогоди, е државата да имплементира ваков исклучително квалитетен проект за земјоделско осигурување, кој ќе биде конципиран согласно долгогодишното искуство на ТАРСИМ.

„За време на нашите посети во странство, забележавме дека ТАРСИМ се разликува  од слични системи и е на понапредно ниво во многу точки, како што е ширината на покриеноста, разновидноста на осигурителните производи, компатибилноста со технологијата и одржливата струтктура. Во рамките на информациите што ги добивме, Северна Македонија е земја со исклучително поволни услови за земјоделско производство, каде може да се одгледува широк спектар на растителни производи, а одгледувањето на говеда и овци е вообичаено во одредени региони. Ова се причините зошто е многу важно да управувате со ризиците во земјоделскиот сектор во вашата земја, и чекорите кои ќе ги превземете“ – изјави Генералната Директорка на агенцијата за управување со земјоделскиот осигурителен систем – ТАРСИМ, Г-ѓа Серпил Ѓунар. Исто така, таа се заблагодари во името на нејзината земја , за укажаната доверба токму ТАРСИМ да биде концептот кој нашата земја ќе го следи во воспоставување на земјоделскиот осигурителен пул.

Министерството, Во соработка со Владата и надлежните министерства и институции, посветено ќе работи на воспоставување на овој исклучително значаен систем за земјоделскиот сектор. Се очекува голема поддршка од осигурителната индустрија во насока на целосна заштита на  земјоделското производство од непредвидливите климатски непогоди преку соодветно осигурително покритие. Исто така, со помош на Проектот во рамки на InsuResilience Solution Фондот, МЗШВ  доби техничка поддршка за реализација на сите потребни активности, сé до воспоставување на системот.

На сите учесници на работилницата, вицепремиерот Битиќи и министерот Хоџа им посакаа  успешна работа, плодни дискусии и размена на мислења за постигнување на целта, а тоа е заштита на земјоделското производство од временските непогоди, преку сигурен одржлив систем на земјоделско осигурување. Воедно, министерот Хоџа   се заблагодари на возвратениот интерес од страна на ТАРСИМ и желбата да  помогнат во процесот на развој на концептот и поставување на основите на овој систем.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *