Нови 13,3 милиони евра од ИПАРД 2

-Рокот за аплицирање почнува од сабота, 28 декември, и ќе трае до 11 февруари. Вкупно на располагање на овој јавен повик се ставени 13.352.375,68 евра. Со ова, Владата, Министерството за земјоделство и Платежната агенција уште еднаш потврдуваат дека силно се фокусирани на развој и унапредување на преработувачките капацитети во агро секторот.

Share
Прочитај повеќе

Интервју со Љупчо Николовски за сите досегашни успеси и новите предизвици

-Изминатите две години ми беше голема чест да ја извршувам функцијата министер за земјоделство, шумарство и водостопанство, и особено ми е драго што започнавме и реализиравме многу крупни проекти, важни за развојот на земјоделството. Од новиот министер очекувам и му порачувам, успешно да ги продолжи започнатите мерки и проекти, подготвките на целокупниот сектор за отворањето на поглавјата за земјоделство важни за прептристапниот дијалог со ЕУ, и секако да ја продолжи отворената комуникација со земјоделците и со сите чинители во секторот, затоа што само така може да создадеме модерно и конкурентно земјоделство кое ќе биде стожер на нашата економија, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците очекуваат од 30 до 40 отсто зголемени приноси со „капка по капка“

Од 30 до 40 отсто зголемени приноси, поголема апсорпција на ѓубрива, пониски трошоци и поконкурентно производство ќе добијат 43 земјоделци кои аплицирале за инвестиции во подземни системи за наводнување „капка по капка“. Со оваа мерка, која е дел од Програмата за рурален развој 2018, предвидени се вкупно 20 милиони денари кои ќе им се враќаат на земјоделците по реализација на инвестицијата. Кофинансирањето ќе изнесува од 50 до 75 отсто.

Share
Прочитај повеќе