Унгарија постави уникатен систем за земјоделците за борба против градот

“Ние имаме копнени генератори кои се наоѓаат низ целата земја. Тие испаруваат сребро јодид нагоре во атмосферата, и со тоа ги спречуваат водните капки да формираат кристали, односно дождот да премине во град. Кога ќе добиеме сигнал од метеоролошката служба, можеме да го активираме системот и да го спречиме градот “, објаснува Кочи.

Share
Прочитај повеќе

Нови 20 милиони евра за изградба на системите за наводнување Лисиче и Јужновардарска долина трета фаза

Владата на вчерашната седница донесе одлука за пренамена на средства од Програмата за енергетска ефикасност и обновливи енергии, а кои ќе се искористат за финансирање на проекти од областа на наводнување кои ги спроведува Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство. Станува збор за финансиски средства по основ на доделен заем од Владата на Сојузна Република Германија, односно германската кредитна развојна банка KfW.

Share
Прочитај повеќе

Отпочнување на градежните активности на системот за наводнување во Равен – Речица

„Ќе овозможиме овој регион да нема проблеми со производството на надалеку познатите тетовски грав и пченка, но и успешни реколти на други култури кои се садат во овој регион. Во овој период кога како Влада сме силно фокусирани на забрзување на евроинтеграцискиот процес, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, посветено работи на усогласување на нашето земјоделство со европските регулативи, рече министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Заврши поправката и надградбата на радарскиот систем Ѓуриште

Со овие поправки, сервисирања и надградби, се овозможува континуирано и квалитетно следење на облачните маси, рана прогноза и брза најава на опасни временски појави на територијата на Република Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Нов систем за наводнување во валандовско, објавен јавниот повик за изведувач за Програмата Јужновардарска долина втора фаза

Овој систем кој што се наоѓа во Општина Валандово покрива наводнувана површина од 2.032 хектари. Четирите пре-пумпни станици ќе обезбедат вода за 1.080 хектари во долната зона и 952 хектари во горната зона. Проектот Јужно-вардарска долина е од витално значење за земјоделството во јужниот регион и со неговата реализација долгорочно и трајно ќе се реши проблемот со обезбедување на вода за наводнување во овој регион.

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од Ранковце ќе добијат современ систем за наводнување, од Славишко поле започнува проектот за еколошки систeм

Изградбата на системот за наводнување ќе го зголеми приходот за повеќе од 3 пати, што ќе влијае на животниот стандард во општината, имено од моменталните 40 денари по хектар, би биле до 200 денари по хектар. Од друга страна, земјоделците ќе можат да извршат замена на постоечките култури во некои попрофитабилни култури со поголема додадена вредност. Системот за наводнување ќе овозможи одржување и развивање на земјоделските активности за кои луѓето тука имаат традицијата, на начин што ќе се почуствува за целото општество“, порача министерот Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Отворање нов систем за донирање вишок храна „Сите Сити“

Отворање на новиот систем за донирање вишок храна „Сите Сити“ ќе биде означено денеска со прес-конференција во организација на Асоцијација за чиста животна средина „Ајде Македонија!“. Обраќање пред присутните за да се одбележи новиот систем ќе имаат швајцарската амбасадорка Сибил Сутер Тејада и амбасадорот на САД, Џес Бејли.

Share
Прочитај повеќе

Работилница за унапредување на системот за идентификација на свињите

Најавено е обраќање на директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов, кој ќе говори за мерките што се преземаат за унапредување на овој систем, како и за активностите што ги презема Агенцијата за отворање на европскиот пазар за свежо свинско месо.

Share
Прочитај повеќе