Агро – Метео

Во четврток особено во попладневните часови ќе има услови за локален краткотраен дожд и појава на грмежи повеќе во јужните и западните делови од земјата, а зголемената облачност ќе остане и во ноќта кон петок.

Share
Прочитај повеќе

Отштета од косовската царинска блокада ќе добијат само тие што имаат доказ дека се оштетени

Единствен начин за да се дојде до некакво обесштетување нуди Законот за земјоделство и рурален развој. Доколку некој земјоделец се одлучи за таков потег, Бирото за судски вештачења треба да направи проценка за настанатата штета.

Share
Прочитај повеќе

Наскоро обесштетување од непогодите во 2016 и 2015 година, укината е спорната уредба

– За 2017 година сумата што треба да се исплати е околу четири милиони евра. Според Платежната агенција, делот во Ресенско е целосно исплатен. Останатите штети се исплаќаат, но колку точно од четирите милиони се исплатени во моментов не можам да кажам. За земјоделските површини не е направено ништо во 2016 година. Постапката е заглавена поради фамозната уредба која го кочи целиот процес, рече Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Почна бербата на пиперката „ајварка“

-Иако календарски сезоната за подготвка на ајвар е идниот месец, сепак има интерес за црвената пиперка. Засега ја откупуваат производствените капацитети, но интерес има и од странство, велат производителите.

Share
Прочитај повеќе

Македонија 27-ма по извоз на домати во светот, 33-та по извоз на лубеници

Минатата година земјава извезла домати во вредност од 17,1 милион долари што е 0,2 од светскиот извоз, а извозот на лубеници достигнал 2,9 милиони или, исто така, 0,2 процента од светскиот извоз.

Share
Прочитај повеќе

Македонија извезува најмногу вино од земјите во регионот

Најголем дел од виното било извезено во Србија, 32 отсто, Германија 20 проценти и Хрватска 19 отсто. На Балканот, Бугарија е најблиску до Македонија, која заработилке 38.5 милиони долари и се наоѓа на 31. место, покажуваат податоците на интернет страницата World’s top exports.

Share
Прочитај повеќе

Општина Струмица ја заврши проценката, невремето во јули предизвикало штета од над 34 милиони денари

Од посадените земјоделски култури најмногу штета има на посевите со индустриска пиперка на отворено 54,8 хектари како и засадена во фолии 7,3 хектари при што има и уништено пластеници од силниот ветер. Оштетени посеви со пченка на 13,1 хектари, пченица 14,4 хектари, како и штета на посеви со бостан, дињи, зелка на отворено, модар патлиџан, карфиол и други земјоделски култури. Штети имаше и на долгогодишни насади – сливи, круши и лозје, рече Ѓоргиев.

Share
Прочитај повеќе

Намалени трошоците на живот во јули

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување на трошоците на животот во јули годинава во споредба со претходниот месец има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 12 отсто, кај свежото и разладеното овошје за 2,3, маслото и маснотиите за 1,1 отсто, другите пекарски производи за 0,6, брашното и другите житарици за 0,5, сирењето и урдата за 0,4, замрзнатата риба, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Оваа недела Државниот инспекторат за земјоделство ќе излезе со податоци за откупот на пченица од годинашната жетва

Откупната цена на пченицата зависи од квалитетот, а пченицата која што се откупува од 7 до 8,5 денари за килограм е наменета за сточна храна, потенцираше на вчерашната прес конференција Шефот на Кабинет во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, Трајан Димковски. 

Share
Прочитај повеќе

За 10 дена завршува Јавниот повик за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерии

Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое што се наоѓа оранжеријата, а кое што во моментов е во државна сопственост. Со повикот се овозможува купување и стекнување на сопственост врз земјиштето, а со самото тоа и вложување во инвестиции, кредитирање, користење на ИПАРД програмата.

Share
Прочитај повеќе