Македонија извезува најмногу вино од земјите во регионот

Вести Винотека Лозарство

Македонија се наоѓа на 28. место по извоз на вино со заработка од 52.4 милиони долари.

Најголем дел од виното било извезено во Србија, 32 отсто, Германија 20 проценти и Хрватска 19 отсто. На Балканот, Бугарија е најблиску до Македонија, која заработилке 38.5 милиони долари и се наоѓа на 31. место, покажуваат податоците на интернет страницата World’s top exports.

Македонија во изминатата година реализирала 0,1 отсто од вкупниот извоз на вино во светски рамки.

Светски лидери во извозот на вино се Франција, Италија, Шпанија, Австралија и Чиле со реализирани од 2 до 10,3 милијарди долари. Најголеми увозници се САД, Велика Британија, Германија, Кина и Канада.

Република Македонија во минатата година извезла стока во вредност од 5.7 милијарди долари. 94 отсто од стоката била извезена во европските држави. Македонските извозени добра и услуги влегуваат со 54 отсто од вкупниот Бруто домашен производ. Податоците покажуваат дека споредено со популацијата, извозот по глава на жител е околу 2.700 долари за една година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *