Пчелниот воздух корисен за здравјето на луѓето, АПИ комори и во Македонија

По медот, поленот, прополисот, веќе познати корисни производи од пчелата, и воздухот што го создаваат околу нивните сандачиња е лековит. Таканаречената „Air therapy“ се спроведува во специјални АПИ комори кои веќе се отворени и во Македонија.

Share
Прочитај повеќе

Опаѓање на плодовите во овошните насади

Во зависност од временскиот период, во текот на вегетацијата доаѓа до поединечно или масовно опаѓање на плодовите од дрвото. Тие временски интервали на опаѓање на плодовите не се еднакви кај сите видови, но за поголем број овошки заеднички се три фази на опаѓање на плодовите.

Share
Прочитај повеќе

Летно сеење и садење во вашата градина

Во Јули:
Сеење на отворено: репка, кинеска зелка, цвекло, корен, крес, зимен праз
Пресадување на садници: касна келераба, цикорија
Во Август:
Сеење на отворено: кинеска зелка, ротквица, зимска салата, марула, крес, спанаќ, блитва и зимски праз
Пресадување на садници: цикорија и шеќерна цикорија

Share
Прочитај повеќе

Летна ампелотехника

Летната ампелотехника е многу значаен дел од технологијата за одгледување на виновата лоза. Целта е да се извршат корекции на резидбата на зрело, со димензионирање на односот помеѓу лисната маса и гроздовите, како и уредување и димензионирање на гроздот. Овие мерки имаат директно и многу значајно влијание на квалитетот на грозјето. Со примената на мерките се постигнува финално утврдување на приносот и квалитетот на грозјето.

Share
Прочитај повеќе

Променливи откупни цени на градинарските култури во Струмичко

– Покрај доматите, добра цена има и зелената пиперка од сортата „куртовска капија“, која се откупува 25 денари за килограм. Цената на краставиците се движи од 15 до 20 денари, а зелката се откупува од осум до 10 денари за килограм, вели Благој Витанов, откупувач од Струмица.
 

Share
Прочитај повеќе

Земјоделците од Могила поднесуваат пријави за обесштетување од невремето

Вчера до 14 часот биле поднесени 45 пријави од невремето во саботата, а од општина Могила велат дека наредните два дена се очекува да се зголемат на 200 до 250 нови барања. Заедно со барањата од невремето пред 20-тина дена, тоа се повеќе од 400 барања за обесштетување на земјоделците од општина Могила.

Share
Прочитај повеќе

15 милиони евра за финансирање на Секторот за Земјоделство и Рурален Развој, во рамките на ИПА 2019

– Заедно со Делегацијата на Европската Унија денеска ги финализиравме приоритетите за финансирање на Секторот за Земјоделство и Рурален Развој, во рамките на ИПА 2019, преку која се обезбедени 15 милиони евра за секторот земјоделство. Им благодарам на сите вклучени во процесот и искрено ја поздравувам заедничката работа, истакна Николовски.

Share
Прочитај повеќе

Се проценува штетата во Коњари по силното невреме

Како што информира претседателот на општинската комисија, Жарко Северкоски граѓаните може да ги доставуваат своите барања до Општина Прилеп или до претседателите на месните заедници на двете населени места до среда 18 јули.

Share
Прочитај повеќе

Општина Новаци и грчката општина Аминдео го започнаа проектот за управување со агроотпадот

-Општина Новаци се соочува со проблем во однос на менаџирањето со агроотпадот. Општината менаџира со голем број на одводни канали, во чиишто корита неконтролирано расте трска, шамак и трева, кои доведуваат до затнување на истите. Заради тоа, ќе се создаде синџир на снабдување со отпад до селектирани корисници кој ќе се користи како гориво за загревање на градинката  во Новаци. Синџирот за снабдување ќе вклучува собирање на отпад, негов третман со цел да биде компатибилен за согорување во котел за биомаса, рече Љубе Кузманоски, градоначалник на општина Новаци.

Share
Прочитај повеќе

Пелагонија „жедна“ за млад агро-едуциран кадар

Можноста за брзо вработување е голема бидејќи сите наши струки на учениците им нудат вработување веднаш по завршување на средното образование. Со стекнатите знаења, тие ќе може да работат индивидуално бидејќи ќе бидат агро-стручни, ќе може да се вработат во приватни компании кои се занимаваат со земјоделство или во јавен сектор. Можностите кои ги нуди земјоделскиот комбинат „Пелагонија“, бројните ветеринарни амбуланти во овој регион, мали и средни претпријатија во агро бизнисот се големи, вели Кривевски.

Share
Прочитај повеќе