Димковски: Ние ќе продолжиме да работиме во интерес на оризарите

-Кога се појави проблем со откупот на оризовата арпа, интервенираме веднаш така што се измени програмата за директни плаќања со интервентна мерка за оризарите со што 41,4 милиони денари беа исплатени на сметките на 1.130 оризопроизводители во октомври 2019 година, средства кои беа дополнителни на основната субвенција, истакна Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Заеднички со сите чинители во земјоделскиот сектор, ќе ја постигнеме целта за модерно и конкурентно земјоделство

Димковски посочи дека преку проектот на Светска банка, околу 30 милиони евра ќе бидат инвестирани во изградба на откупно-дистрибутивни центри, што е важно за создавање на предуслови за амортизација на вишокот земјоделски производи и зголемување на извозот.

Share
Прочитај повеќе

Продлабочување на билатералната соработка помеѓу Република Северна Македонија и Народна Република Кина во областа на трговијата со земјоделски и прехранбени производи од растително и животинско потекло

Во рамките на посетата се иницираа различни прашања кои се однесуваат на трговските односи, кои вклучуваат инспекциски надзор и регулирање на карантинот на производите кои се извезуваат во Народна Република Кина.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Имаме јасна стратегија за максимална поддршка за пчеларството преку Програмите за финансиска поддршка во земјоделството и ИПАРД 2 програмата

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски, денеска присуствуваше на првиот Меѓународен натпревар за квалитет на мед „TETOVO HONEY AWARD 2019“. На натпреварот учествуваа 250 пчелари од повеќе држави: Србија, Косово, Албанија, Црна Гора, Бугарија, Романија, Босна.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски присуствуваше на 13 работна средба на министрите за земјоделство во Југоисточна Европа

На работниот состанок се потенцираше напредокот во регионалната соработка помеѓу министерствата за земјоделство во регионот како и заедничката европска перспектива.

Share
Прочитај повеќе

Министерот Димковски оствари средба со Џанг Ѕуо, амбасадор на Н.Р. Кина во Северна Македонија

Амбасадорот изрази убедување дека развојот на трговските и економските односи ќе продолжи поинтензивно, особено во рамки на Процесот за соработка „17+1“, а потенцираше дека е важно да се олесни пристапот до пазарот за неколку македонски производи како виното, оризот и тутунот, за кои постои потенцијал и интерес за соработка од кинеската страна.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Агро-секторот е на прав пат

-Досега 424 млади земјоделци добија грант од 10.000 евра за да се мотивираат да се занимаваат со земјоделство, а веќе се во собраниска процедура законските измени со кои поддршката за млади земјоделци до крајот на оваа година двојно ќе се зголеми. Ќе се зголеми и поддршката за пчеларите, нагласи Димковски, додавајќи дека во врска со ИПАРД програмата сега сме меѓу петте водечки земји во црпење средства, што значи дека догодина нема да враќаме пари, туку ќе бараме повеќе.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Измените на Законот за акцизи овозможуваат низа поволности за производителите на ракија

“Максимално дозволената количина на годишно производство ќе биде 2.500 литри жесток алкохолен пијалак со просечна јачина од 45%. Во првата година (2020г.) од примена на законот, производителите на ракија се ослободени од плаќање на акциза, во втората година односно 2021 година акцизата ќе биде 10 денари, третата година 20 денари и во 2023 година 30 денари. Со новото законско решение се овозможува малите производители легално да ја произведуваат и пласираат својата ракија, да развијат свој бренд од традиционалната ракија, што ќе придонесе за развој на руралниот и винскиот туризам, а за намалување на сивата економија”, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Димковски: Со прецизни податоци за земјоделски стопанства до ефикасна реализација на мерките за развој на земјоделството

“ФАДН е одличен инструмент за проценка на приходите на земјоделските стопанства и влијанието на Националната земјоделска политика во Северна Македонија. Резултатите од истражувањето ФАДН се клучни во утврдувањето на влијанието што земјоделската политика го има врз поединечните стопанства, како и за креирање на соодветни политики и мерки за развој на секторот. Во оваа насока ФАДН системот претставува  централен инструмент за следење на економскиот развој на земјоделството и земјоделските стопанства во земјите членки на Европската унија како целина“, изјави министерот Димковски.

Share
Прочитај повеќе

Прва средба на ко претседателите на македонско-руската Меѓувладината Комисија за трговско- економска и научно – техничка соработка

На средбата се разговараше за повеќе теми меѓу кои и за неискористениот потенцијал во економската соработка. Димковски и Груздев, се договорија да бидат проучени можностите за реализирање на конкретни иницијативи и заеднички проекти.

Share
Прочитај повеќе