Државниот инспекторат за земјоделство во контроли кај компаниите што откупуваат пченица, откупната цена е од 9 до 10,5 денари

Државниот инспекторат за земјоделство спроведе контроли на компаниите коишто вршат откуп  и преработка на пченица од реколтата 2019-та. Инспекторите од ДИЗ извршија контроли во шест откупни компании во Велес, Свети Николе, Кочани, Кривогаштани и Битола. При контролите е утврдено дека компаниите имаат објавено откупна цена и истата се движи од 9 до 10,5 денари за килограм во зависност од класите дали е прва, втора или трета класа. 

Share
Прочитај повеќе

Преглед на трошоците за живот во октомври

Намалување на индексите на трошоците на животот во октомври 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележано кај свежото и разладеното овошје за шест отсто, сувото овошје и јаткастите производи за 3,5 отсто, маслото и маснотиите зa 1,8 отсто, другите преработки од месо за 0,5 отсто, месото, сирењето и урдата за 0,2 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Намалени трошоците на живот во јули

Според податоците на Државниот завод за статистика, намалување на трошоците на животот во јули годинава во споредба со претходниот месец има кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 12 отсто, кај свежото и разладеното овошје за 2,3, маслото и маснотиите за 1,1 отсто, другите пекарски производи за 0,6, брашното и другите житарици за 0,5, сирењето и урдата за 0,4, замрзнатата риба, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,3 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Трошоците на живот во јуни 2018 година на исто ниво како и претходниот месец

Пораст на индексите на трошоците на животот во јуни 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 4.8 %, замрзнатото овошје и сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, јогуртот, замрзнатиот зеленчук освен компирот и другите коренести плодови за 0.3 %, сирењето и урдата, конзервираното овошје, шеќерот, џемот, медот и кондиторските производи и другите прехранбени производи за 0.2 %.

Share
Прочитај повеќе

Трошоците на живот со раст од 1,7 отсто

Пораст на индексите на трошоците на животот во мај 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 13,1 отсто, цигарите за пет отсто, свежото и разладеното овошје за 2,3 отсто, замрзнатото овошје за 1,3  отсто, другите прехранбени производи за 0,7 отсто, месото за 0,6 отсто, алкохолните пијалаци за 0,5 отсто, сирењето и урдата за 0,4 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0,3 отсто, рибата и морските плодови и безалкохолните пијалаци за 0,2 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Пораст на индексите на трошоците на живот во април 2018 година

Пораст на индексите на трошоците на животот во април 2018 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежиот и разладениот зеленчук, освен компирот и другите коренести плодови за 3.6 %, замрзнатото овошје за 1.2 %, другите преработки од месо за 0.9 %, месото за 0.7 %, другите прехранбени производи за 0.6 %, млекото за 0.5 %, сувото овошје и јаткастите производи за 0.4 %, трбушките и цигарите за 0.3 %, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук за 0.2 %.

Share
Прочитај повеќе

Трошоците на живот во март на исто ниво како во февруари

Намалување на трошоците на животот имало кај оризот, сувото овошје и јаткастите производи, другите прехранбени производи, месото, јајцата, рибата и морските плодови, јогуртот, сушеното, соленото и чаденото месо.

Share
Прочитај повеќе

Пораст на трошоците за живот кај месото и месните преработки

Пораст на индексите на трошоците на животот во февруари 2018-та година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај свежото и разладеното овошје за 5,3 отсто, замрзнатите морски плодови за 1,1 отсто, месото за 0,9 отсто, другите  преработки од месо за 0,8 отсто, свежата и разладената риба за 0,4 отсто, сушениот зеленчук, другиот конзервиран и преработен зеленчук и безалкохолните пијалаци за 0,3 отсто.

Share
Прочитај повеќе

Пораст на трошоците за живот

Трошоците за живот во однос јануари 2018 – јануари 2017 година пораснале за 1.1%, додека цените на мало во истиот период бележат пораст за 2.3%,  објави денес Државниот завод за статистика.

Share
Прочитај повеќе