Пораст на трошоците за живот

Вести

Трошоците за живот во однос јануари 2018 – јануари 2017 година пораснале за 1.1%, додека цените на мало во истиот период бележат пораст за 2.3%,  објави Државниот завод за статистика.

– Во јануари 2018 година во однос на декември 2017 година е забележан пораст на индексите на трошоците на животот кај течните горива за домаќинствата за 10.4%, телефонската и телефакс опремата за 9.8%, течните горива и мазива како дел од опремата за сопствени сообраќајни средства за 2.7%, другите лични предмети за 2.5%, градините, растенијата и цвеќињата за 2.4%, домашните миленици и сродните производи за 2.2%, услугите за одржување на станот, туристичките пакет-аранжмани за 1.2%, резервните делови и опрема за сопствен превоз за 1.0%, станарините и автомобилите за 0.7%, другите услуги за опрема за сопствен превоз, дисковите, касетите, дискетите, цедеата, филмовите за 0.5%, патниот сообраќај за 0.4%, лековите за 0.3%, другите услуги поврзани со станот неспоменати на друго место, другите медицински производи, одржување и поправка на сопствените сообраќајни средства, накитот и часовниците за 0.2%, пишува во соопштението објавено на страната на Државниот завод за статистика.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *