Календар на активности за месец август – Градинарство
Август е месец, во кој што градинарите имаат доста обилна работа. Имено, во овој период треба да се продолжи со грижата за првите посадени култури, градинарите се припремаат и за садење на вторите култури, а се наметнува и бербата. Треба да се има во предвид дека, треба да се отстранат деформираните, заболени и нестандардни плодови од краставици, домати и пипер. Тоа ќе овозможи нормален раст на новите заврзоци, ќе се намали опасноста од зараза и воопшто ќе се добие подобар и порентабилен производ.
Прочитај повеќе
