Активни три јавни повици преку Програмата за рурален развој 2019-та

Во четврток завршува јавниот повик за доставување на барања за добивање на финансиска поддршка мерка за набавка на приплоден добиток од Програмата за рурален развој. Оваа мерка на сточарите им овозможува набавка на педигрирани машки и женски приплодни грла кози, високостелни педигрирани јуници, педигрирани машки и женски приплодни грла овци од увоз или од признати организации. Максималната вредност на прифатливи трошоци изнесува до 6,5 милиони денари. Повратот на средства за оваа мерка се движи од 50 до 75 % од вкупната вредност на инвестицијата во зависност од тоа во какви услови се одгледуваат.

Share
Прочитај повеќе

Објавен јавниот повик за доставување на барања за мерките за финансиска поддршка за Локалните акциони групи

МЗШВ минатата година издаде решенија за формирање на 13 Локални акциони групи, што беше и првиот чекор по многу изминати години Локалните акциски групи да имаат можност да ги финансираат своите проекти и активности преку националниот буџет односно преку мерките од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК бр.02/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

1. Инвестиции во материјални средства на земјоделски стопанства
2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства
обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на
Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и 25%
средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како неповратна
финансиска поддршка (грант)

Share
Прочитај повеќе

Јавен повик за подигнати нови овошни и лозови насади и набавен добиток од 1 октомври до 31 декември 2017

АФПЗРР денеска објави јавен повик за доставување на барања за исплата на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, за подигнати нови овошни и лозови насади и набавен добиток во период од 1 октомври до 3 декември 2017 година.
Рокот за аплицирање истекува на 30 јуни 2018 година.

Share
Прочитај повеќе

ЈАВЕН ПОВИК за „Програма за Наводнување на Јужната Долина на Вардар“ II фаза

ЈАВЕН ПОВИК за „Програма за Наводнување на Јужната Долина на Вардар“ II фаза. Тендерот ќе биде отворен, под еднакви услови, за сите физички и правни лица, кои учествуваат поединечно или во група (заедничко вложување) од подобните земји.

Share
Прочитај повеќе