Трајче Андонов: Пласманот на земјоделските производи е многу полесен за земјите членки на ЕУ

Вести

Македонскиот бизнисмен Трајче Андонов повеќе од триесет години стопанисува во Република Словенија. Неговата дејност е трговија со земјоделски производи. Тој најдобро може да посведочи за разликата во работењето и успехот на неговиот бизнис во годините кога Словенија не беше дел од Европската Унија  и сега, како земја членка на ЕУ.

-Голема разлика настана откако Словенија влезе во ЕУ, барем за нас кои увезуваме производи од Македонија, од аграрното подрачје. Увозници сме на вина, конзервирани производи за кои порано имавме многу поедноставни постапки и процедури. Но, откако Р.Словенија влезе во ЕУ започнаа проблемите со државите кои не беа дел од ЕУ. Беа потребни контигенти, квоти и на тој начин изгубивме доста од пазарот и неколку години по ред имаме негативни трендови.  Мислам дека влегувањето во ЕУ е значајно за секоја држава, особено имајќи го аграрот како приоритет, треба да се обезбеди влезот во големата фамилија, односно големиот пазар со 500 милиони купувачи. Ова особено е важно за Република Македонија, тоа ќе биде еден голем плус за да можеме ние увозниците да  ги увезуваме македонските  производи без оние посебни контроли и анализи за земји кои не се дел од ЕУ- вели Андонов и додава дека се големи предностите за државата кога таа е дел од  Евроспката унија.

– Предност е тоа што анализите на производите во Европа се минимални, односно не постојат. Доволно е да пишува на самиот производ дека е произведен на европскиот пазар и да помине без никаков проблем. Истовремено сме сигурни дека и Р.Македонија ќе направи голем исчекор при донесувањето на сите потребни закони, да може се она што ќе се произведе во Р.Македонија да ја има сопствената вредност во Европа како сигурен производ, односно производ кој ќе добие и на цена, и дури тогаш ќе бидат истакнати неговите квалитети како производ произведен во тоа поднебје, односно таа клима. На овој начин, македонските производи ќе бидат прифатени и во Р.Словенија, и во Р.Хрватска и во останатите земји кои се во ЕУ и кои чекаат да ги имаат овие производи рамноправно со сите други производи, а не како досега – заклучува Андонов.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *