Трет пакет економски мерки за земјоделскиот сектор

Вести

Третиот столб од новиот пакет економски мерки е наманет за поддршка на земјоделството, за нови приходи од плодната македонска земја.

По завршувањето на здравствената криза, треба да го подготвиме земјоделството за нов развој, да ги искористиме сите потенцијали, кои ќе овозможат опоравување на секторот после кризата, поголемо производство на земјоделско-прехранбени производи, продолжување на инвестициите. Тоа ќе го постигнеме токму со предвидените мерките во склоп на третиот пакет економски мерки:

 5 милиони евра за поволни кредити преку Развојната банка на Северна Македонија, за микро, мали и средни претпријатија кои вршат примарно земјоделско производство, преработка и извоз на примарни и преработени земјоделски производи.
 50% поддршка за покривање на трошоците за зелена нафта
 3.5 милиони евра поддршка за преработувачите на грозје и за винарниците за производство на алкохолен дестилат
 Јавно приватни партнерства во секторот лозарство и тутун, за производство на преработки од тутун, грозје и градинарски производи, за уште посилен развој на овие извозноориентирани сектори
 Долгогодишен закуп на пасишта
 Ставање во функција на целокупното земјоделско земјиште, преку окрупнување на парцелите
 Финансирање на стартап фарми и винарии
 Проект “Модернизација на земјоделството” – 50 милиони евра преку Светска Банка

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *