Трибина во Битола за започнување на Договорно производство на пченка

Вести

Договорното производство е најдоброто решение за земјоделските производители, откупувачите и државата. Земјоделците имаат сигурно производство, откупувачите, домашна суровина, а државата зголемено домашно производство, решен пласман на земјоделските производи и развоен ефект на субвенциите.

Во таа насока, Агротим, покрај организирањето на договорното производство на сончоглед, проект кој се покажа како доста успешен, продолжува со организирање на договорно производство и на пченка во Пелагонискиот регион.

Во соработка со компанијата „Голд Лaнд“ , Земјоделското здружение „Современо земјоделство“ од Битола, Министерството за земјоделство и АПРЗ, организираме прва трибина на 04.02.2021 во Центар за култура во Битола, мала сала, со почеток во 12 часот.

На средбата ќе се разговара за условите кои ги нуди откупувачот „Голд Ланд“, очекувана цена на пченката и другите информации потребни за склучување на договорот помеѓу земјоделските производители и откупувачот.

Со оглед на протоколите за заштита од Ковид -19, бројката на присутни земјоделци е ограничена.

За да го резервираме вашето присуство, ве повикуваме до среда до 16 часот да се пријавите во порака (инбокс) на фан страната на Facebook на Агротим или на Современо Земјоделство. Или едноставно пишете во коментар име и презиме, под оваа објава.

Следна трибина за Договорно производство на пченка ќе биде во Прилеп, за што дополнително ќе информираме.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *