Трошоците на живот во август со раст од 1,3 отсто на месечно, а 16,8 проценти на годишно ниво

Вести

Трошоците на живот во август во однос на јули годинава се зголемени за 1,3 отсто, а цените на мало  за 0,6 отсто.  Во август годинава во однос на истиот месец лани трошоците на живот се зголемени за 16,8 проценти, а цените на мало за 14,2  проценти.објави денеска Државниот завод за статистика.

Пораст на индексите на трошоците на животот во август 2022 година, во споредба со претходниот месец, е забележан кај лебот и житата за 6,4 проценти, свежото и разладеното овошје за 3,8 проценти, млекото за 3,6 проценти, месото за 2,5 проценти, прехранбените производи неспоменати на друго место за 1,8 проценти, минералната вода, газираните пијалаци, соковите од овошје и зеленчук за 1,4 проценти, свежиот и разладениот зеленчук освен компирите и другите коренести плодови за 1,3 проценти, пивото за 1,2 проценти, шеќерот, џемот, медот, чоколадата и кондиторските производи за 0,6 проценти, рибата и морските плодови, кафето, чајот, какаото за 0,3 проценти.

Во август, исто така, пораст на индексите на трошоците на животот е забележан и кај услугите за сместување за 27,6 проценти, централното греење за 14,2 проценти, фотографската и кинематографската опрема и оптичките инструменти за 12,4 проценти, канцелариските материјали и материјалите за цртање за 6,4 проценти, другите печатени материјали за 5,8 проценти, рестораните, кафулињата и слично за 3 проценти, цврстите горива за домаќинствата за 2,8 проценти, патниот патнички транспорт за 2,6 проценти, производите за домаќинставата-нетрајни за 2,5 проценти, домашните услуги и услугите за домаќинствата за 2,2 проценти, услугите за одржувањето и поправките на живеалиштето за 1,8 проценти, поправката на аудио-визуелната, фотографската и информатичката опрема за 1,5 проценти, моторните возила за 1,4 проценти, материјалите за одржување и поправки на живеалиштето за 0,9 проценти, поправките на мебелот, покуќнината и покривките за подот, електричните апарати за лична хигиена, другите апарати и производи за лична хигиена за 0,8 проценти, малите електрични апарати за домаќинствата за 0,7 проценти, мебелот и покуќнината за 0,4 проценти, фармацевтските производи, градините, растенијата и цвеќињата, другите лични предмети за 0,3 проценти, облеката, поправките и изнајмувањето на обувките, поправката на апаратите за домаќинствата, малите алатки и останатите додатоци, другите медицински производи, другите услуги за опремата за сопствен превоз, услугите за култура, накитот, часовниците и рачните часовници, другите финансиски услуги неспоменати на друго место за 0,2 проценти.

Намалување на трошоците на животот во август во споредба со јули годинава е забележано кај маслото и маснотиите за 4,1 процент.

Во август, исто така, намалување на индексот на трошоците на животот е забележан и кај горивата и мазивата за сопствените превозни средства за 10,9 проценти, течните горива за домаќинствата за 10,3 проценти, воздухопловниот патнички транспорт за 5,3 проценти, информатичката опрема за обработка на податоците за 3,1 процент, туристичките аранжмани за 2,9 проценти, чевлите и другите обувки за 2,3 проценти, игрите, играчките и хобијата за 1,5 проценти, гасот за домаќинствата за 1,4 проценти, резервните делови и приборот за сопствените превозни средства за 1,1 процент, велосипедите за 0,8 проценти, теписите и другите подни покривки за 0,6 проценти, книгите за 0,3 проценти, големите алатки и опремата, терапевтските помагала и опремата за 0,2 проценти.

Минатиот месец ДЗС регистрираше годишен раст на трошоците на живот од 16 проценти, а од 1,9 проценти на месечно ниво. Цените на мало, пак, забележаа зголемување од 14 отсто во јули годинава споредено со јули лани, а за 2,5 отсто во однос на јуни.

Извор: МИА

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *