Тутунски Комбинат остварил добивка во првите 6 месеци од годинава

Вести тутун
Продолжува позитивниот тренд во работењето на Тутунски Комбинат, што се гледа од  финансискиот извештај на компанијата од работењето во првата половина од годинава. Имено, За првото шестмесечје Комбинатот остварил добивка од околу 70 илјади евра. Или попрецизно, финансискиот резултат на “Тутунски комбинат АД Прилеп” за период од 1 ви јануари до 30 ти јуни годинава покажува добивка во износ од 4 милиони 750 илјади денари. Овој финасиски показател е подобар од истиот период лани, кога била  остварена загуба од 65 милиони и 288 илјади денари.

– Добивката се должи пред се’ на заштедите и домаќинското работење, особено во делот на енергетската ефикасност, и тоа благодарение на зафатите кои беа преземени минатата година. Очекувам, оваа тенденција на позитивни резултати да продолжи и да биде уште поизразена до крајот на годинава, вели Кирил Станкоски, генерален директор на Тутунски Комбинат АД Прилеп.

Во делот на финансиските приходи евидентирано е зголемување од 500 илјади денари остварено лани, на 23 милиони и 762 илјади денари истиот период годинава. По ставки, според шестмесечниот финансиски извештај, оперативните приходи се намалени за 10,6%, што се должи на намалувањето на приходите од продажба на домашниот пазар и тоа за 72,6% .
Финансиските расходи за првото полугодие бележат намалување од 27, 11 % и тоа како резултат на намалувањето на расходите по основ на камати од работењето со неповрзани друштва и курсни разлики.
АД Тутунски Комбинат Прилеп бележи и инвестиции во недвижности, постројки и опрема и тоа во износ од над 2 милиони и 600 илјади денари, стои во финансискиот извештај од работењето на компанијата за првите шест месеци од годинава.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *