Уште околу 700 земјоделци од Неготино и Демир Капија треба да подигнат картички за „зелена нафта”, информираат од Подрачната единица на Министерството за земјоделство.
– Вкупниот број на картички беше 3.182, согласно бројот на оние кои поднеле барање за субвенции во 2018 година. Апелираме до сите што можеби не се доволно информирани, дека им следува „зелена нафта”, ако се корисници на субвенции, велат за МИА од Подрачната единица.
Распределбата на картички трае повеќе од еден месец. Картичките што нема да бидат подигнати, по извесен период ќе бидат повлечени. /МИА