Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски денеска имаше средба со претставниците на Делегацијата на ЕУ во Скопје.
– На денешниот состанок финално се утврдија проектите кои ќе бидат финансирани од ИПА 2019 и тоа за консолидација, советодавни служби, наводнување, шумарство, земјоделски задруги, поддршка за ветерина и фито политики, истакна Николовски.
Вкупната вредност е 15 милиони евра од кои 4,5 милиони евра за систем за нус производи од животинско потекло, а 3.5 милиони евра за градба на мали системи за наводнување.
– Шумарството ќе биде поддржано за прв пат од ИПА проект со вредност од 1.3 милиони евра, рече Николовски.
Исто така на состанокот се дискутираше за тековните ИПА проекти кои се спроведуваат во МЗШВ, мерките и активностите при имплементација како и предизвиците со кои се соочува министерството со реализација на секој проект.
М-р Билјана Петровиќ за Современо Земјоделство