Вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи и шефот на делегацијата на ЕУ во земјава, амбасадорот Дејвид Гир денеска во Кавадарци ќе присуствуваат на промоција на потпроектот „Развој на еногастрономскиот туризам“ на „Тиквеш вински туризам“.
Настанот ќе се одржи пред Винарската визба „Тиквеш“ во Кавадарци, со почеток во 12:30 часот, а потоа и на винската микролокација Барово.
– Потпроект е дел од Проектот за локална и регионална конкурентност, финансиран од Владата на Република Северна Македонија и Европската Унија, а се спроведува со поддршка од Светска банка, информираат од Кабинетот на вицепремиерот Битиќи.