Висина на субвенциите за 2021 година за обележани грла говеда

Вести

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за обележани грла говеда, објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања во сточарското производство, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 2.1: Директни плаќања за обележани грла говеда

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда, ги имаат обележано и евидентирано во Регистарот на одгледувалишта на говеда и истите ќе ги чуваат најмалку до 31.10.2021 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 2.800 денари по грло, односно 3.100 денари по грло за земјоделски стопанства со пријавен број на грла за финансиска поддршка од минимум 10 до максимум 50 грла.

Бројот на обележани грла се пресметува скалесто и тоа:

  • од 1 грло до 100 грла 100%,
  • од 101 грла до 150 грла 70%,
  • од 151 грла до 300 грла 40% и
  • над 301 грла 20%.

Мерка 2.2: Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.1. за основни стада за производство на говедско месо

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледуваат говеда и се корисници од подмерка 2.1 на оваа уредба, имаат минимум 30 грла говеда обележани и евидентирани во Регистарот на одгледувалишта на говеда, и воедно не се корисници на директните плаќања од подмерка 2.3. од оваа уредба (Директни плаќања за произведено и предадено кравјо, овчо и козјо млеко);

-Висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари и се исплаќа за женско грло говедо кое е на возраст од 12 до 24 месеци на 31.10.2021 година.

Крајниот рок за поднесување на барањата за мерките 2.1 и 2.2 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април. Во Современо Земјоделство, пријавете бесплатно, точно и навремено.

 

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *