Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со малини, капини, јагоди, боровинки, рибизли и гоџи бери

Вести Овоштарство

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади за секој овошен вид посебно и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства

Мерка 1.7: Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади (малини, капини, јагоди, боровинки, рибизли и гоџи бери) 

-Прифатлив минимален број на овошки по хектар за за постоечки производни овошни насади, за секој од наведените овошни видови одделно е даден во следната Табела која е составен дел на оваа уредба;

Табела за минимален број на овошки – садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови

Ред. број Овошен вид Прифатливиот број на садници по хектар е над
1. боровинка 2200
2. рибизла 3330
3. малина 8000
4. капина 1250
5. јагода 3100
6. гоџи бери 2500

-Висината на директните плаќања за јагода на отворено, малина, капина и боровинка изнесува 33.000 денари по хектар, односно 39.600 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

-Висината на директните плаќања за рибизла и гоџи бери изнесува 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка до минимум 1 хектар и максимум 5 хектари;

-Висината на директните плаќања определени со оваа уредба, со оваа подмерка се намалува со зголемување на пријавените површини и тоа за секој вид одделно: од 0,2 ха до 5 ха 100%, од 5,1 ха до 30 ха 60%,  и над 30 ха 30%.

Мерка 1.8: Дополнителни директни плаќања од подмерка 1.7. за овошни култури предадени во преработувачки капацитет

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат засадени површини со следните овошни видови: вишна, малина, капина, аронија, гоџи бери, кајсија, јагода и киви и се корисници од подмерка 1.7. на оваа уредба, оствареното производство на овошје да е предадено во преработувачки капацитети за овошје директно или преку еден регистриран откупувач во период од 26 декември 2020 година до 25 декември 2021 година, вклучително и произведените овошни култури за потребите на сопствениот преработувачки капацитет, запишан во Регистарот на откупувачи на земјоделски производи;

-Висината на директните плаќања изнесува 3 денари по килограм

Крајниот рок за поднесување на барањата за мерката 1.7 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

Крајниот рок за поднесување на барањата за мерката 1.8 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 25 декември 2021 година.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *