Висина на субвенциите за 2021 година за одржување на постоечки овошни насади со ореви, бадеми , лешници и питом костен

Вести

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за одржување на постоечки овошни насади со ореви, бадеми, лешници и питом костен објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 1.7: Директни плаќања по обработлива земјоделска површина за одржување на постоечки овошни насади (ореви, бадеми , лешници и питом костен)

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои имаат минимум 0,2 ха површина со постоечки овошни насади за секој овошен вид посебно и се регистрирани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства;

-Прифатлив минимален број на овошки по хектар за за постоечки производни овошни насади, за секој од наведените овошни видови одделно е даден во следната Табела која е составен дел на оваа уредба;

Табела за минимален број на овошки – садници по хектар за постоечки производни овошни насади по овошни видови

ед. број Овошен вид Прифатливиот број на садници по хектар е над
1. ореви 70
2. бадеми 330
3. лешници 270
4. питом костен 200

-Висината на директните плаќања за бадем и лешник изнесува 25.000 денари по хектар, односно 30.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка до минимум 1 хектар и максимум 5 хектари;

-Висината на директните плаќања за ореви и питоми костени изнесува 15.000 денари по хектар, односно 18.000 денари по хектар за земјоделски стопанства со пријавена површина за финансиска поддршка од минимум 1 хектар до максимум 5 хектари;

Крајниот рок за поднесување на барањата за мерката 1.7 од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2021 година е до 31 мај 2021 година.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *