Висината на субвенциите за 2021 за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет

Вести

Согласно Уредбата за директни плаќања за 2021 година на корисници, за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет објавена во Сл. Весник на РСМ бр.12/2021, детално ви ги претставуваме поблиските критериуми за директни плаќања во сточарското производство, кој може да биде корисник на средствaта, максималните износи и начинот на директните плаќања за оваа година.

Мерка 2.4: Директни плаќања за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло, за период од мај 2020 година до април 2021 година;

-Висината на директните плаќања изнесува 1.500 денари по продадено или заклано грло говедо.

Мерка 2.5: Дополнителни директни плаќања од подмерка 2.4 за одгледани и заклани грла говеда во регистриран кланичен капацитет

-Корисници на оваа подмерка се земјоделските стопанства кои одгледале и продале или заклале говеда во преработувачки капацитети запишани во Регистар на одобрени објекти за производство на храна од животинско потекло и се корисници од подмерка 2.4. на оваа уредба, грлата говеда да не се помлади од осум месеци и да не се постари од 18 месеци на денот на колење и да се од следните раси: сименталско, оберинталско, монтафонско, херефорд, шароле, буша и мелези;

-Висината на директните плаќања изнесува 4.000 денари по продадено или заклано грло говедо.

Пријавувањето за субвенции за 2021 година се очекува да започне во почеток на месец април.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *