Владата донесе одлука за дополнителна мерка за предадено и заклано јагне во кланични капацитети од 400 денари по грло

Вести Сточарство

На вчерашната седница на Владата, донесена е одлука за дополнителна мерка за предадено и заклано јагне во кланични капацитети од 400 денари по грло јагне. Со оваа мерка се опфатени 3600 земјоделски сточарски стопанства кои имаат предадено во кланични капацитети околу 190.000 јагниња.

Исто така, Владата на Република Северна Македонија на седницата одржана на 02 април 2020 ја усвои Уредбата за изменување на уредбата за поблиските критериуми за директни плаќања, корисниците на средствата, максималните износи и начинот на директните плаќања за 2020 година. Со измените на оваа Уредба, се зголемува финансиската поддршка за сточарите одгледувачи на овци, за задржано женско јагне од досегашните 700 денари на 1 500 денари по грло.

 

Владата ја донесе ваквата одлука поради новонастанатата состојба и проблемите со откуп на јагне, поради здравствено-економската криза предизвикана од глобалната пандемија од коронавирусот. После пописот на овците се виде целисходноста на оваа мерка. Во 2020 год оставени се 167.000.јагниња за приплод, што е зголемување за 45.000 јагниња за разлика од 2019 год. кога имаше оставени 123.000 женски јагниња за приплод.

 

Мерките и политиките на оваа Влада веќе даваат видливи резултати во остварувањето на целта за зголемување на сточарското производство.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *