Во Албанија државата им подигна на земјоделците плаcтеници на 1.000 хектари

Вести

Албанското земјоделство во последниве неколку години доживеа голем раст, особено кога станува збор за производството под оранжерии. Странските инвеститори и Владата се ангажирани да помогнат земјата да се стави на картата на производители на овошје и зеленчук.

-Со нашата одлична клима, ниските цени и вредните работници, Албанија стана тајно богатство на Европа. Уверен сум дека ќе дојде време кога сите ќе дознаат за нас, но во меѓувреме мораме да соработуваме со западните земји за да продолжиме со доброто темпо на раст, изјави Едонa Блакај од компанијата „Конект Албаниа“.

Албанското министерство за земјоделство неодамна им помогна на земјоделците да подигнат 1.000 хектари пластеници, што беше голем поттик за овој вид на производство. Со ова на земјоделците им се овозможи во текот на целата година да произведуваат краставици, патлиџани, пиперки, брокула, карфиол…, а со производството на пченка и диви и култивирани малини, боровница, костени и тартуфи на отворено. Што се однесува до сезонските производи, тукушто почнува сезоната на лубеници, пишува „Фрешплаза“.

plastenici
-Албанските јагоди се прва класа, повеќето албански земјоделци во минатото работеа во Грција, што им помогна да се стекнат со знаења за производството пред да почнат да се занимаваат со тоа. Имаме клима, добра земја, која заедно соинтелегентна и чесна работа ќе ни помогне да станеме следната Италија во смисла на производство. Но, сега треба да се надминат и политичките превирања, за да може народот да се увери дека е доволно добр и за пазарите надвор од Албанија, вели Едонa.

plastenici

-Со испораката кон соседните земји, најголем интерес за нашите производи покажа Италија, која започна да увезува наши производи. Нареден чекор е со помош на Албанското министерство да ги поврземе нашите производи и со партнерите од Холандија и пошироко, порачува Едонa.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *