Во Делчево досега за субвенции се пријавиле 620 земјоделци што е 41 отсто од годишните пријави.
Според раководителот на Подрачната единица на Министерството за земјоделство Иле Каранфиловски, процентот на пријавени земјоделци е помал, бидејќи подоцна почнало одбележувањето на добитокот и земањето крв, постапка што ја реализира Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).
– Лани беа поднесени 1.516 барања. Се апелира до земјоделците по завршената работа на АХВ да се јават во канцелариите на ПЕ и да си поднесат барање, да не го чекаат последниот рок, истакна Каранфиловски.
Во тек e пријавувањето на предаденото млеко во преработувачки капацитети за октомври, ноември и декември, а рокот за поднесување на барањата е 16 мај.
Пријавувањето за субвенции почна на 26 март 2018 година.