Во Могила отпадната слама од нивите се преработува во пелети

Вести

Отпадната слама од нивите во Општина Могила се користи за производство на пелети, кои се користат за загревање на општинската зграда. Пелетите од слама се произведуваат во фабриката која е под надлежност на општината. Со произведените пелети оваа сезона, освен општинската зграда, ќе се загрева и училиштето во Беранци каде има спроведено систем за греење на пелети, како и спортската сала во Могила.

-Од една страна, ги намалуваме сметките за струја, а другиот дел е намалувањето на полуцијата. Знаејќи дека сме толку многу блиску до оџаците на РЕК, треба и домаќинствата да ги едуцираме и да ги научиме на други поалтернативни начини на затоплување. Освен што се поекономични, тие се и поздрави за животната средина, истакна Гулевска.

Оваа година предвидени се најмалку 1000, а најмногу 2000 бали слама од кои ќе се произведат пелетите. Во наредниот период ќе се собере преостанатата слама која треба да ферментира од 15-30 дена.

-Во договор со јавното комунално претпријатие, во две смени работниците ќе ја изработуваат и ќе се прават пелети. Во идниот период планираме да го зголемиме производството затоа што се работи за голема фабрика која може да изработи поголем број пелети, вели Гулевска.

Фабриката за пелети од слама во Могила е дел од проект кој започна минатата година финансиран со средства од Европската Унија во делот за меѓугранична соработка со Грција.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *