Во Програмата за рурален развој за 2019 за прв пат се воведува мерката „Соработка“

Вести Овоштарство

Јаболко Jazz

Во 1985 година, во Нов Зеланд седнуваат на маса овоштари, светски познатата копорација Енза чија специјалност е трговија со јаболка и тамошниот земјоделски институт со една цел, да воспостават СОРАБОТКА за развивање на нова сорта која ќе го разликува Новозеландското производство од останатите брендови во светот. После 19 години остварување на стратегијата, плодот на таа стратегија излегува во 2004 година со светска премиера на новата сорта со име Jazz.

Во основа, Jazz е добиена со вкрстување на две постари сорти, Gala и Braeburn (Брејбурн). Се карактеризира со добра цврстина и сочност, два одлични предуслови за додадена вредност на свежиот пазар.

Денеска, во 2019 година, оваа сорта комерцијално се одгледува во САД, Британија, Австралија, Италија, Франција, Чиле, Швајцарија и Австрија. Сите кои одгледуваат, плаќаат авторско право (доколку немаат договор за производство со Енза) на сортата.

Тоа што сега и со години наназад се случувало со пазарот на јаболка, ќе продолжи да се случува, доколку не се напуштат старите неефикасни практики и одгледувањето на сорти кои немаат никаква комерцијална вредност!

Во Програмата за рурален развој за 2019 за прв пат се воведува мерката „Соработка“, чија цел е финансиски да поддржува токму ваков тип на соработки помеѓу три страни од интерес, кои ќе придонесат за додадена вредност, идентитет на производството и иновации преку поврзување на производителите, трговските компании и институти за развој на нови производи и производни процеси.

 

„Современо Земјоделство“

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *