
„Во тек е процесот на аплицирање за субвенциии и се одвива успешно. Минатата година заедно со земјоделците, стручната јавност и здруженијата се подготви нов, побрз, и поефикасен модел на субвенционирање со кој обезбедуваме стабилно и зголемено домашно производство. За прв пат од оваа година се започнува и со авансна исплата на субвенциите.
Ги повикуваме сите земјоделци навреме да ги подготват своите барања, и да аплицираат за субвенции до 14 јули 2023 г.“,

