Водостојот на Вардар кај Велес понизок за десет сантиметри

Вести

Водостојот на дел од реките денеска е понизок во однос на вчерашните мерења. За десет сантиметри е понизок водостојот на Вардар кај Велес, а за пет сантимери на реката Струмица кај Ново Село.

Повисок водостој, според денешните мерења, има Вардар кај Скопје и кај Демир Капија, како и реката Брегалница кај Штип.

Водостојот на Преспанско Езеро е осум сантиметри под апсолутниот минимум, а водостојот на Охридско Езеро е три сантиметри над дозволениот минимум.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *