Времето денеска облачно и студено, претпладне со слаб дожд

Вести

Времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието засилен ветер од северен правец.

Утринската тремпература ќе се движи од минус два до шест степени, а дневната температура од еден до 10 степени.

Во Скопје облачно и студено, претпладне со слаб дожд. Ќе дува засилен ветер од северен правец.

Утринската температура ќе достигне до три степени, а дневната температура до седум степени.

Во следните два дена времето ќе биде променливо облачно и студено со повремени слаби врнежи кои на повисоките места и на планините ќе бидат од снег. Ќе дува умерен, долж Повардарието засилен ветер од северен правец. Од среда до петок утринските температури на места ќе се спуштаат под нула.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *