Времето денеска сончево и топло со мала облачност

Вести

Времето ќе биде сончево и топло со мала облачност, температурата до 36 степени.

Околу пладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен дожд и грмежи. УВ индексот ќе биде 8, информира Управата за хидрометеоролошки работи,

Утринската температура ќе се движи од 11 до 20 степени, а дневната од 24 до 36 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе достигне до 17 степени, а дневната до 33 степени.

Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *