Времето во наредните 3 дена

Вести

Под влијание на топла воздушна маса и јужно воздушно струење следува период на потопло време, а значително затоплување ќе има од средината на седмицата. Локални врнежи од дожд се очекуваат утре рано наутро, како и во среда попладне, кога врнежите на места ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Утре времето  ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Наутро ќе има услови за локален дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец, кој вдолж Повардарието повремено ќе засилува.

Прогноза за 28.04.2021

Минимална температура: 3°C до 9°C
Максимална температура: 19°C до 25°C

Сончево со умерена облачност. Попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Прогноза за 29.04.2021

Минимална температура: 5°C до 11°C
Максимална температура: 22°C до 30°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југозападен правец.
Прогноза за 30.04.2021

Минимална температура: 6°C до 13°C
Максимална температура: 24°C до 32°C

Сончево и топло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.
Share

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *